Дојде денот, почнува Светското првенство: Што треба да знаете за Мундијалот?

Чекањето заврши, започнува Светското фудбалско првенство во Катар. Од денеска, па до 18 декември низ целиот свет ќе владее мундијалската магија. најдобрите 32 репрезентации од цел свет се во битка со една цел, да се стигне до планетарниот трон, каде пред четири години застана Франција.

Најдобрите 32 репрезентации од цел свет ќе се борат за светскиот трон на кој е Франција од пред четири години. Бразил кој е петкратен светски првак е и единствена селекција која досега никогаш не пропуштила мундијалски турнир.

Низ историјата, само репрезентации од Европа и од Јужна Америка стигнувале до трофејот, а резултатот е 12:9 во корист на селекциите од Стариот континент.

Сите стадиони кои се во Катар и ќе бидат домаќини на Мундијалот се наоѓаат во растојание помало од 100 километри, што значи дека реална е опцијата фудбалските фанови да гледаат и по два натпревари на ден.

Според распоредот, во текот на еден ден максимум ќе има по четири средби и тоа се деновите кога ќе биде групната фаза. Според саатницата, првиот меч во тековниот ден најрано може да започне во 11 часот, потоа следи дуел од 14 часот, па третата средба е закажана за 17 часот, додека последниот меч е од 20 часот.

Најдобрите две од секоја група продолжуваат во осминафиналето, а потоа оди нокаут фазата каде што никој нема право на грешка. Најдобрите две репрезентации ќе играат во финалето на 18 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести