Дојде Слуга и го урна рекордот на Лутон во 134-годишната клупска историја

Лутон Таун има големи амбиции да биде стабилен второлигаш во Англија, а новиот член на Чемпионшип дивизијата го урна клупскиот рекорд со ангажман на хрватскиот голман Симон Слуга.

За голманот што има еден настап и за хрватската сениорска репрезентација Лутон плати 1,5 милиони евра, што е највисока сума за купен играч во 134-годишната историја на клубот.

Претходно рекордот на Лутон беше при ангажманот на Данецот Ларс Елструп во 1989 година, кога „The Hatters„ платија 850 илјади евра.

Лутон во ланската сезона го освои првото место во Дивизија 1 и се промовира како член на Чемпионшип дивизијата, која е втора по ранг лига во Англија, зад елитната Премиер лига.

Слуга досега беше голман на Риека, но бранеше како позајмен во италијанскиот второлигаш Специја.

- Оглас -

Најнови вести