Јусуф Демир игра за Барселона како позајмен фудбалер од Рапид Виена, а вчера со дебито против Атлетик во Билбао е вториот најмлад дебитант на Каталонците, по Лионел Меси.
Демир го одигра првиот меч за Барса на возраст од 18 години и 80 дена, а настапи како резерва од 62. минута, на местото на Брајтвајт.
Претходно Лионел Меси во 2004 година дебитираше за Барса на возраст од 17 години и 144 дена, па Демир е веднаш зад него во последните две декади.
1 – At the age of 18 years and 80 days, Yusuf #Demir becomes the youngest non-Spanish player to make their La Liga debut for Barcelona since Lionel Messi in October 2004 (17 y 114 d). Change. #ATHLETICBARÇA pic.twitter.com/NpjSXCDCMu
— OptaFranz (@OptaFranz) August 21, 2021
Австрискиот репрезентативец се уште е член на Рапид Виена, а во јули годинава пристигна на позајмица, прво во вториот тим на Барселона, а потоа го префрлија и во А тимот.
При договорот за позајмица која трае една година, Барселона му плати 500 илјади евра на Рапид. Ако бидат задоволни од неговите настапи, Барселона може да го откупи договорот што 18-годишното момче го има со австрискиот тим за сума од 10 милиони евра.