Доказ дека Икарди е минато за Интер (фото)

Со доаѓањето на Ромелу Лукаку, најновото засилување на Интер, автоматски е позната иднината на Мауро Икарди. Гигантот од Милано утринава обелодени дека дресот со број 9 отсега ќе го носи Белгиецот, што значи дека Икарди веќе е минато за клубот.

Е сега, останува да се види каде Аргентинецот ќе ја продолжи својата кариера. Досега имаше неколку опции, да остане во Серија А и да заигра за еден од Наполи, Рома или шампионот Јувентус. Не се исклучува и можноста да се проба во друга лига, но засега нема реакција од неговиот агент, односно сопруга Ванда Нара.

Преодниот рок во Европа завршува во последниот ден од август, така што Икарди ќе треба да побрза со изборот.

 

- Оглас -

Најнови вести