Некогашниот холандски репрезентативец Бас Дост ќе го памти денешниот меч против АЗ Алкмар. Голгетерот кој ги носел дресовите на Волфсбург, Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг, а сегашен член на НЕЦ Најмеген се сруши на центарот од игралиштето.
https://twitter.com/i/status/1718684511674753222
Фудбалерот кој има 34 години трчаше назад кон сопствениот гол во дефанзива, кога наеднаш падна. Дост веднаш беше опкружен од останатите играчи, а брзо реагираше и првата помош.
Неколку минути траеше лекарската помош, а потоа фудбалерот на носилки беше изнесен од теренот. Додека излегуваше од теренот, Дост ја подигна раката покажувајќи дека е добро. Сепак, мечот беше прекинат во моментот на овој инцидент, кој се случи на неколку минути пред крајот од средбата.
Good news.
Bas Dost is alive and moving. 🙏 pic.twitter.com/SBXdCt4oUQ
— Football Talent Scout – Jacek Kulig (@FTalentScout) October 29, 2023