Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку почнал да се плаши да слави откако ќе постигне гол на ЕВРО 2024 година, откри неговиот соиграч Џереми Доку.
На Лукаку му беа поништени дури три гола на ЕП во Германија.
„Ромелу сега кога постигнува гол, мислам дека се плаши да слави“, изјави Доку.
„Тој немаше многу среќа, но среќен е затоа што го добивме последниот натпревар со Романија. Секако, како напаѓач тој секогаш сака да постигнува гол. Ако ги гледате натпреварите, можете да видите колку е важен за тимот. Не постигна гол, но направи асистенција и тоа е истотака важно“, додаде Доку.
Белгија игра со Украина во третото коло во групата Е која е најтесна од сите на ЕП 2024, со четири селекции со по три бода.