Докузовски се враќа на Косово, стана нов тренер на Пеќ

Поранешниот македонски селектор, Марин Докузовски, е наименуван за нов тренер на косовскиот прволигаш Пеќ.

Ова за 61-годишниот Докузовски е враќање во Косово, со оглед на тоа што претходно беше дел од Сигал Приштина, со кој во 2014 година ги освои титулата и купот.

Докузовски на клупата на Пеќ седнува на местото на Турчинот Шемсетин Баш.

- Оглас -

Најнови вести