Долг залет, спринт, па „лазење“, скок, шут и на крајот се посрамоти (Видео)

Првакот на Јужна Америка, екипата на Палмеирас се посрамоти на двата меча на Светското клупско првенство. Откако прво беше елиминиран во полуфиналето, Палмеирас вечерва загуби и во дуелот за трето место од Ал-Ахли. По 90 минути беше 0:0, а потоа по изведувањето на пеналите, дури тројца фудбалери на бразилскиот тим промашија, а Ал-Ахли победи со 3:2.

Од сите оние кои утнаа пенали, посебно е впечатлив начинот на кој шутираше Рони. Играчот на Палмеирас делуваше дека е полн самодоверба, но тоа што го направи при изведувањето на пеналот, може да се смета како еден од најлошите начини да се шутира од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести