1008 Вест хем – Барнли (15 ч.)
Вест хем се врати во добар ритам и победи на последните два меча, па останува во трка за место кое води излез во Европа. Барнли е последен на табелата и тешко дека ќе може да се спротистави на ова гостување во Лондон. Гостите ја имаат втората најлоша одбрана и во просек примаат над два гола по меч. Во последните девет кола, Барнли освои само два бода во Премиер лигата.
Предлог тип: 1 &2-4 (2.65)
1708 Олимпик Марсеј – Нант (20:45 ч.)
Олимпик е единствениот тим во француското првенство што нема пораз сезонава на домашен терен, па јасно е кој е фаворит за освојување на трите бода. Пет победи на Марсеј и две нерешени има во последните седум пресметки на овие два тима, во кои шест пати било со барем два погодоци.
Предлог тип: 1-1 (2.35)
3008 Јувентус – Аталанта (18 ч.)
Јувентус веќе се откажа од трката за титулата во Серија А, па фокусот сега му е да обезбеди место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. Старата дама сезонава на свој терен има биланс од девет победи, три реми и само еден пораз.
Аталанта е неубедлив гостин, па освои само 15 бода во 13 средби. На три од последните четири дуели на овие два тима било нерешено и најчесто немало многу погодоци.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.66)
1809 Баер Леверкузен – Волфсбург (19:30 ч.)
Историска сезона игра Баер Леверкузен кој уште нема ниту еден пораз во сите натпреварувања. Фармацевтите се феноменални со 20 победи и само четири реми во Бундеслигата и во просек даваат по речиси три погодоци.
Волфсбург сезонава загуби седум пати во 12 гостувања и прима по два гола на дуел. Во есенскиот дел од сезоната Баер на гости славеше со 2:1, па и сега се очекува тимот од Леверкузен да се радува, во средба на која треба да има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)
1308 Реал Мадрид – Селта Виго (18:30 ч.)
Со 11 победи и само две реми, Реал е доминантен кога се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Селта Виго се бори за опстанок, но нема што да бара на ова гостување.
Реал има 11 победи и само едно реми во последните 12 меча со овој ривал, а треба да се очекуваат повеќе погодоци.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.40)