Домаќинот Австрија славеше во драмата против Чешка

Една од домаќините на континенталниот шампионат, селекцијата на Австрија го оствари првиот триумф со 32:29 против Чешка. Двата противници од нашата група приредија доста интересен натпревар во Виена, а Австријците во финишот се погрижија да не ја разочараат домашната публика.

Чешка добро се држеше, особено што го доби првото полувреме со 14:13, но домаќините ја презедоа контролата во клучните моменти и со најголемото водство од +4 влегоа во последната минута, што беше јасно кој ќе слави по крајот.

Големо изненадување направи Португалија со триумфот од 28:25 против еден од фаворитите на првенството Франција. Словенија беше сигурна против Полска со 26:23.

- Оглас -

Најнови вести