Убав термин за домашни победи во Топ-5 лигите се покажа саботниот од 18.30 часот, а успешни настапи имаа Тотенхем, Борусија Менхенгладбах и Валенсија.
Тотенхем во меч од 8. коло во Премиер лигата го победи Лестер со 6:2 во одлична претстава во Лондон.
Почна одлично за Лисиците, кои поведоа по повторениот пенал на Јури Тилеманс во шесттата минута, откако првиот удар му го одбрани Иго Лорис, но имаше реприза поради престап на голманот на Тотенхем.
Во првото полувреме се случи пресврт со головите на Кејн и на Даер, но Лестер израмни со погодокот на Медисон во ефикасниот прв дел што заврши 2:2.
https://twitter.com/goncalo_diass17/status/1571197644248162306?s=20&t=F7EQfXHw-QeVYS4nzggGHw
Во второто полувреме Бентанкур и Сон со хет-трик беа стрелци за Тотенхем за победа од 6:2 и делба на првото место со 17 бода, колку што има и шампионот Манчестер сити.
5-2 Tottenham.
WORLD CLASS GOAL BY SON!!!!
pic.twitter.com/tiPI9900wg— ALAN (@Wotyyt) September 17, 2022
Борусија Менхенгладбах неочекувано лесно го декласираше Лајпциг во еден од дерби дуелите во седмото коло во Бундеслигата.
Домаќините славеа со 3:0 со двата гола на Хофман и со погодокот на Бенсабаини.
Валенсија исто така не прими гол на својата „Месталја“, а постигна три за победа против Селта.
Кастилјехо најави триумф на Лилјаците во 37. минута, а печат ставија Маркос Андре во 82. минута и Алмеида во последните моменти за победа од 3:0.