Домашните екипи ќе доминираат на натпреварите од Конференциската лига (Фото)

6754 – Ордабаси – Диферданж (17:00)

Диферданж од Луксембурги има минимални 1-0 од првиот меч на домашен терен против Ордабаси, но сега ќе гостува во далечниот Казахстан. Токму затоа домашните ја имаат фаворитската улога и се очекува со победа да ја надоместат негативата од првиот меч и да оправдаат фаворитската улога во овој двомеч. Слично како и на првиот натпревар и денес не се очекуваат многу голови.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.24)

 

6751 – Арарат Е. – Зимбру К. (17:00)

Екипата на Арарат Ерменија со победата од 3-0 на првиот натпревар на гостински терен против Зимбру Кишињев веќе е во третото коло од Конференциската лига, но од нив се очекува пласманот во следното коло да го потврдат со нова победа денес. Зимбру е во катастрофална форма и има четири порази на последните четири натпревари во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.74)

 

6760 – Пафос – Жалгирис (18:00)

Кипарски Пафос е голем фаворит против Жалгирис и од нив се очекува денес да ја надополнат негативата од 2-1 од првиот меч кој се одигра во Литванија. Пафос настапот во натпреварувањата на УЕФА го започна во Лигата на Европа, каде беше елиминиран од Елфсборг со два порази од 5-2 и 3-0, па ако на ова се додаде и првиот меч против Жалгирис, сите натпревари на кипарскиот претставник ова лето беа ефикасни и со по најмалку три гола.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.19)

 

6772 – Копенхаген – Магпис (19:00)

На дуелот помеѓу Копенхаген и Магпис јасно е кој е фаворитот. Екипата од Данска работата ја заврши уште на првиот меч, кога победи со 3-0 на гостувањето во Гибралтар, а пласманот во третото коло треба да го потврдат денес пред своите гледачи со вистинска голеада против аматерскиот противник, кој направи историски успех со пласманот во второто коло.

Предлог тип: Т1 4+ (1.91)

 

6786 – Гимараеш – Флориана (21:15)

Португалски Гимараеш е апсолутен фаворит на домашен терен против Флориана од Малта и се освен убедлива победа на домашен терен ќе биде големо изненадување. Фудбалерите на Гимараеш победија со 1-0 на првиот меч на Малта, па сега на домашен терен ќе мора да се оправдаат пред својата публика и да им понудат меч со многу голови.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.50)

- Оглас -

Најнови вести