8.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Домен Превц испиша историја, Словенецот го врати трофејот „Четири скокалници“ во семејниот дом

Словенецот Домен Превц е победник на славната турнеја „Четири скокалници“.

Словенечкиот ски-скокач го освои 74-то издание на ова најпознато натпреварување во овој спорт и го врати трофејот наречен „Златен орел“ во витрините на семејството Превц, бидејќи претходно, во 2016 година, неговиот брат Петер беше најдобар.

На победничкиот пиедестал во генералниот пласман, покрај Превц, се најдоа двајца Австријци. Второ место освои Јан Херл, а третото – Штефан Енбахер.

Победникот на последната скокалница во австрискиот Бишофсхофен беше домашниот натпреварувач Даниел Чофениг.

Тој до победата дојде со скокови од 137 и 140,5 метри за вкупно 303,9 поени. Превц беше второпласиран, со скокови од 138 и 138,5 метри и вкупно 299,8 поени, додека третото место му припадна на Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој во првата серија скокна 137, а во втората 138 метри, со вкупно 299,6 поени.

- Оглас -

Најнови вести