Доминик Тим ја доби тениската драма на годината и се најде во полуфиналето во Лондон

Доминик Тим го совлада Новак Ѓоковиќ 6-7, 6-3, 7-6 во еден од најинтересните тениски натпревари годинава. Многупати во кариерата Србинот докажа дека е најопасен кога мислите дека е готов и поразен. Австриецот водеше со 3-1 и 6-5 во третиот сет, при 6-5 и сервираше, но се мачеше да го докрајчи Новак. Ѓоковиќ подобро тргна во тајбрејкот, имаше предност од 4:1, но Тим го сврте резултатот и тајбрејкот го доби со 7:5.

Тим е сигурен полуфиналист, а Новак ќе мора да го победи Роџер Федерер. Тим првпат во кариерата го победи Ѓоковиќ на тврда подлога и првпат се најде во полуфинале на завршниот Мастерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести