12.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Донарума го доби признанието „Лав Јашин“

Италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума е добитник на признанието „Лав Јашин“ за најдобар голман во светот за изминатата година во изборот на „Франс фудбал“. Тој со Пари Сен Жермен ја освои титулата во Лигата на шампионите, а ова лето направи трансфер во Манчестер сити.

Ова е негово второ признание, а претходно ја доби наградата за најдобар голман и во 2021 година.

Кај дамите, за најдобра голманка е избрана Хана Хемптон од Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести