Донарума: Ќе бидам многу среќен ако Наполи ја освои титулата во Серија А!

Некогашниот голман на Милан, репрезентативецот на Италија, Џанлуиџи Донарума, сака Наполи да биде италијански шампион во оваа сезона.

Донарума е роден во Кастеламаре Ди Стабија, место кое е нешто како предградие на Неапол. Џиџи порасна во Неапол, а во академијата на Милан замина кога имаше одвај 14 години.

„Кога отидов во Милан, имаше сомнежи за мојата љубов кон Неапол, но Неапол е мој град, тука нема дилеми. Ако Наполи ја освои титулата, ќе бидам многу среќен“ – рече Донарума кој после 251 настапи за Милан, во 2021 година се пресели во Пари Сен Жермен.

Екипата на Наполи е лидер во Серија А, и единствен тим без пораз, со 8 бода предност пред Милан.

- Оглас -

Најнови вести