Донарума не се радуваше по пеналот на Сака, не бил свесен дека победиле (Видео)

Џанлуиџи Донарума, голманот на италијанската фудбалска репрезентација, имаше чудна и неприродна реакција откако го одбрани решавачкиот пенал на Букајо Сака, остана максимално ладнокрвен, без да се радува, иако таа одбрана значеше европска титула за Италија.

Чуварот на мрежата на Аѕурите објасни дека не знаел дека е завршено бидејќи по утката на Жоржињо, се плашел дека финалето е загубено. Дури неколку секунди по одбраната сфатил што направи.

„Не славев бидејќи не бев свесен дека победивме. Гледав со судијата и чекав дали од ВАР дале сигнал дека сè е во ред. Потоа сфатив дека победивме кога ги видов соиграчите како се радуваат и трчаат кон мене“, изјави 22-годишниот Донарума, кој летово од Милан се сели во Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести