29.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Донарума не смее да носи дрес со број 99 во Премиер лигата, зафатена е и „единицата“

Џанлуиџи Донарума на последниот ден од предниот рок направи трансфер од ПСЖ во Манчестер сити, а дебитно за „граѓаните“ се очекува да го има на градското дерби против Јунајтед.

Сепак, се појави еден проблем. Италијанецот го сакаше дресот во број 1, но тој веќе е зафатен од Џејмс Трафорд, а втората опција, бројот 99, не може да го носи поради правилата на Премиер лигата.

Раководството на лигата бара од екипите да имаат броеви по ред за сите играчи кои се пријавени за настап, па така не е дозволено да има голема разлика во бројките кои ги носат фудбалерите на дресовите. Веќе има случаи кога беа забранети броевите 85 и 87, а сега тоа се случи и со бројот 99.

Решението беше Донарума да го добие дресот со број 25, кој се ослободи со заминувањето на Мануел Аканџи.

- Оглас -

Најнови вести