27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Дончиќ го сруши рекордот на Леброн, но не можеше сам да ги победи Клиперс (Видео)

Лос Анџелес клиперс се пласира во полуфиналето на Западната конференција во НБА-плејофот откако во решавачкиот седми меч на свој терен, со 126:111 го победи Далас маверикс. Со овој триумф, Клиперс си обезбедија пресметка со Јута џез.

Мечот во „Стејплс центарот“ беше неизвесен до пред крајот на третата четвртина, кога беше 81:81, а потоа домаќините направија серија од 21:4 и стигнаа до 102:85, а потоа беше и 106:87, предност која не дозволија да ја испуштат до крајот на средбата и на крајот се радуваа со 4:3 во победи во една необична плејоф-серија.

Во првите шест меча на овие два тима, гостите победуваа, нешто што се нема случено во историјата на плејофот. Клиперс на крајот не дозволија и четврти пат да бидат поразени на свој терен и предводени од Каваи Ленард, кој имаше 28 поени, 10 скока и девет асистенции, се пласираа во следната фаза. Одлични кај домаќините беа и Морис со 23 поени, а Џорџ имаше 22 поени, 10 асистенции и шест скока.

Кај Далас блесна Лука Дончиќ, кој заврши со 46 поени, 14 асистенции и шест скока, со што стана најмлад кошаркар кој дал 40+ поени во мајсторка од плејоф. На Словенецот тоа му успеа со 22 години и 98 дена, надминувајќи го рекордот на Леброн Џејмс, а зад него се Џемал Мари, Оскар Робертсон и Алан Ајверсон.

https://youtu.be/ypTlTENvOt4

 

- Оглас -

Најнови вести