Кошаркарскиот свет остана шокиран од одлуката на Далас маверикс да го трејдува Лука Дончиќ во ЛА лејкерс. Шпекулациите се дека причина за тоа е прекумерната тежина, но Словенецот вели дека не верува во тоа.
„Тоа ми е мотив. Знам дека тоа не е вистина, но тоа ќе ме мотивира. Тоа беше голем шок. Тешки моменти за мене. Морав да проверам дали е први април. Сега добив можност да бидам дел од најголемиот клуб во светот и возбуден сум поради ова ново патување“, вели Дончиќ.
Во спротивен правец, од ЛА лејкерс во Далас се пресели Ентони Дејвис.