Дончиќ е на еден натпревар од неверојатен рекорд, но три натпревари по ред тоа не е доволно за победа (Видео)

Екипата на Далас Маверикс неочекувано загуби на домашен терен од Индијата со 120-137. На овој натпревар словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ дојде до нов трипл-дабл откако уфрли 39 поени, на кои додаде 10 скока и 11 асистенции.

Ова за Дончиќ е четврти натпревар по ред на којшто успева да дојде до трипл-дабл ефект најмалку со 30 поени и сега е само на еден меч од рекордот во НБА-лигата. Расел Вестбрук е единствениот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој успеал на пет натпревари по ред да постигне по 30+ поени и да има по 10+ скокови и асистенции.

Сепак, одличната игра на Дончиќ во моментов не дава позитивни резултати за екипата на Далас, со оглед на тоа дека ги загубија последните три натпревари.

- Оглас -

Најнови вести