Англискиот првак од 2016 година денеска ќе испадне во трета лига!?

Поминаа точно 10 години откако во англиската Премиер лига се случи едно од најголемите изненадувања, Лестер стана шампион. Во таа 2016 година на Лестер му се даваа мали шанси дека може да не испадне од елитното друштво, а тој тим предводен од Џејми Варди и Нголо Канте на крајот се радуваше на шампионскиот трофеј.

Потоа Лестер го освои и ФА купот и играше во Лигата на шампионите. Тоа беа најубавите денови во клупската историја, но едвај деценија подоцна се случува кошмар за Лестер. Тимот испадна во Чемпионшип, а сега многу веројатно е дека од следната сезона ќе игра во третото по ранг натпреварување во Англија, Лига Еден.

По 43 одиграни кола, Лестер е на претпоследното место на табелата само со 41 бод, дури осум помалку од Блекбурн, кој е на последната сигурна позиција за опстанок. Лестер вечерва на свој терен игра против Хал и доколку не победи, сигурно ќе испадне од Чемпионшип.

Дури и со победа на Лестер не му е загарантирано дека денеска нема да испадне. Ако победат Блекбурн, ВБА и Чарлтон, на Лестер секако нема да му има спас дури и да ги освои трите бода на свој терен вечерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести