Дончиќ и Ирвинг се незадржливи, Далас води 3:0 и е на чекор од пласман во големото финале (Видео)

Далас славеше со 116:107 против Минесота и поведе со 3:0 во победи во финалето на Западната конференција во НБА плејофот. Сега на Далас му недостасува само уште еден триумф за да стигне до големото финале, а првата шанса за тоа ќе ја има на домашен терен во среда кога во 2:30 часот наутро ќе го игра четвртиот меч против Минесота.

Кошаркарите на Далас уште од самиот старт беа мотивирани да покажат на свој терен дека двете победи на теренот на Минесота не беа случајни. Маверикс поведоа, но во првата четвртина не можеа да стигнат до двоцифрена предност. Прв пат со 10 разлика водеа кога беше 43:33, а сигурната игра на домаќините траеше до пред крајот на третата четвртина, кога Минесота успеа да се врати резултатски, па во последните 12 минути се влезе со елаг резултат од 87:87.

Израмнето беше до 104:104, а во финишот Далас одигра одлично и со серија од 12:1 стигна до третата победа. Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа трорци на победата. Дончиќ заврши со 33 поени, седум скока и пет асистенции, а Ирвинг истотака постигна 33 поени, со четири скока и три асистенции.

Кај поразениот тим најпрецизен беше Едвардс со 26 поени и по девет скока и исто толку асистенции.

Вечерва ќе се игра четвртиот меч од финалето на Истокот, а таму Бостон има убедлива предност од 3:0 во пресметката со Индијана.

- Оглас -

Најнови вести