Дончиќ и Ирвинг творци на пресвртот за победа на Далас, Бостон направи ри-брејк против Кливленд (Видео)

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го предводеа тимот на Далас маверикс до победа од 105:101 над Оклахома во меч од конференциското полуфинале во НБА лигата. Со овој триумф, Далас поведе со 2:1 во победи против екипата која во регуларниот дел од сезоната заврши на првото место на Западот.

Мечот беше неизвесен и двата тима често се менуваа во водство. Гостите во еден момент од третата четвртина поведоа со 65:55, но Далас не се предаде и со серија од 16:0, брзо ја врати предноста и тоа со шест разлика (71:65). Од тој момент, па до крајот, Далас постојано водеше и на крајот стигна до 2:1 во победи.

Дончиќ на крајот имаше 22 поени, 15 скока и пет асистенции, а 22 поени постигна и Ирвинг. Кај Далас се истакна и крилото Пи Џеј Вашингтон кој на крајот беше и прв стрелец со 27 поени.

Бостон кој беше тимот со најдобар скор во регуларниот дел од цела НБА лига, поведе со 2:1 во победи против Кливленд. Бостон победи на гостински терен со 106:93 и го врати брејкот од претходниот дуел.

Џејсон Татум со 33 поени, 13 скока и шест асистенции беше предводник во победничката екипа, а одличен беше и Џејен Браун кој заврши со 28 поени и девет скока. Кај поразениот тим најпрецизен беше Донован Мичел со 33 поени и шест скока.

 

- Оглас -

Најнови вести