Дончиќ искаран дека не смее тоа да го прави во НБА лигата

На секој нареден меч, Лука Дончиќ се повеќе го покажува својот талент во НБА лигата. Иако уште има само 19 години, Дончиќ е незадржлив за противниците. На последниот меч во кој Далас славеше против Минесота, Словенецот даде 29 поени, а имаше и 12 асистенции и осум скока. Тој ја даде и клучната тројка за победа, на 23 секунди до крај.

Од играта на Дончиќ посебно се воодушеви некогашниот НБА играч Дерек Харпер.

„Лука, имаш 19 години. Неколку години си играл во Европа. Знаеш ли дека не треба да ги правиш овие работи кои ги правиш со 19 години во првата сезона во НБА лигата?“, рече Харпер, кој сега работи како телевизиски коментатор на НБА мечевите.

Тинејџерот стана миленик на најголемиот дел од навивачите. Тој досега има преку два милиони гласови во изборот за Ол-стар мечот. На Западот, повеќе гласови од него засега има добиено само Леброн Џејмс.

 

- Оглас -

Најнови вести