Дончиќ на одмор се појавил со автомобил вреден 400.000 долари (Фото)

Лука Дончиќ пред неколку дена потпиша нов петгодишен договор со Далас маверикс според кој ќе заработи 207 милиони долари. Тоа е најбогат договор за еден НБА играч што бил потпишан веднаш по дебитантскиот договор.

По потпишувањето на договорот, Дончиќ направи забава на која пееше и сплитската пејачка Северина. По неколкуте дена поминати во Словенија, Лука заминал на одмор во Хрватска и тоа со автомобил вреден 400.000 долари. Се работи за „Lamborghiniju Urus Mansory“, со кој Дончиќ заминал на осторовот Крк.

Со направената забава, а сега и со луксузниот автомобил, Дончиќ покажа дека знае да ужива во богатството кое го стекна со кошарката.

 

- Оглас -

Најнови вести