Дончиќ направи трипл-дабл само за едно полувреме, Јокиќ се „изнапромашува“, но и тој со трипл-дабл (Видео)

Далас ја растури Јута со 147-97 во меч од НБА-лигата на кој Лука Дончиќ направи трипл-дабл само за едно полувреме и заврши со 40 поени, 10 скока и 11 асистенции, а воопшто не играше во последната четвртина.

Дончиќ, кој уфрли 29 поени во првото полувреме, е прв кошаркар во историјата на лигата што направил-трипл дабл во прво полувреме со повеќе од 25 поени. Ова му е 60-ти трипл-дабл во кариерата и го надмина Лери Бирд на деветтото место на вечната листа.

ЛА клиперс го победи Денвер со 111-102, а Никола Јокиќ иако направи трипл-дабл, имаше вечер за заборав. Освен што неговиот тим загуби, Јокиќ имаше дури 23 утнати шутеви од поле (погоди само 9 од 32 обида), што е неславен рекорд во неговата кариера.

Џоел Ембид со 50 поени придонесе за победата на Филаделфија над Вашингтон со 131-126, а во богата вечер со многу натпревари, најнеизвесно беше во Атланта, каде што Бруклин дојде до триумф од 114-113.

Погледнете ја драматичната завршница во Атланта:

- Оглас -

Најнови вести