Дончиќ не е единствен нивни адут: Драгиќ со „магична“ тројка ги замолче Истанбул (Видео)

Кошаркарите на Словенија славеа на гостувањето во Истанбул против Турција со 104:103 во контролен меч пред почетокот на Европското првенство. Иако пријателски меч, двете екипи се бореа како да е некое финале.

Словенија во последната четвртина имаше 13 поени предност, но Турците не се предадоа. Константно ја намалуваа негативата на противникот и на крајот стигнаа до 90:90, што значеше дека мора да се игра продолжение од пет минути.

Во продолжението, Турција водеше со 100:95, а потоа и со 103:99, но не победија. Словенците намалија на 103:101, а во последниот напад, искусниот Горан Драгиќ постигна фантастична тројка за водство од 104:103, што на крајот беше доволно и за победа на гостите.

https://twitter.com/i/status/1558172188775178245

Драгиќ беше и прв стрелец кај Словенија со 28 поени, додека Дончиќ имаше 23 поени, 10 скока и пет асистенции. Кај Турција најефикасен беше Коркмаз со 33 поени и седум скока, додека Џеди Осман додаде 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести