Дончиќ не може сè сам, Леброн ги водеше лејкерси во победата над големиот ривал Бостон (ВИДЕО)

Изминатава ноќ само три натпрењвари се одиграа во НБА лигата.

Лука Дончуиќ и Далас Маверикс загубија на домашен терен од Бруклин нетс со 99:102, а поразот се должи на катастрофалната последна четвртина.

Таму, домаќините постигнаа само 13 поени, додека примија 27 и практично ја „продадоа“ двоцифрената предност која што ја имаа во текот на првите три четвртини.

Лука на крајот заврши со 28 поени со девет погодени од 21 упатен удар кон кошот.

Лос Анџелес лејкерс, предводени од Леброн Џејмс го победија Бостон Селтикс со 117:102.

„Кралот“ уфрли 30 коша во триумфот на неговиот тим, а на паркетот поефикасен од него само беше Џејсон Татум со 34 поени.

Програмата ја комплетираа Сан Антонио спарс и Њујорк никс, каде што победија гостите со 109:121 а најефикасен на теренот беше Ер-Џеј Барет со 32 коша.

- Оглас -

Најнови вести