„Соба за тага“ е песната со која Лука Дончиќ ги поминува своите денови додека закрепнува од повредата на десниот глужд. За младата ѕвезда на Далас од претходно се знае дека прерано починатиот Тоше му е музички идол, а неговите хитови се како терапија за Дончиќ.
Словенецот на својот „инстаграм-профил“ објави видео како ужива во хитот на нашата икона, препеана на српско-хрватски, со напис „Легенда“ во долниот дел од објавата.