Донесена важна одлука непосредно пред стартот на Светското првенство

Светското ракометно првенство во Египет стартува за два дена, а челниците на Меѓународната федерација решија да преиначат една важна одлука. Домаќинот Египет се подготвуваше за турнир на кој ќе има полни трибини, односно ќе биде дозволено присуство на навивачи.

Сепак, против идејата за присуство на публика на трибините беа дури 14 европски селекции, кои потпишаа петиција до ИХФ. По направените консултации, челниците на Светската федерација решија да ја преиначат првичната одлука и „ги затворија салите“, односно да нема гледачи на трибините.

Ова Светско првенство ќе биде историско затоа што за првпат ќе учествуваат 32 селекции. Турнирот ќе стартува со дуелот меѓу Египет и Чиле на 13 јануари во 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести