Доријан Бабунски вторпат по ред погоди за унгарскиот прволигаш Дебрецин и денеска успеа да му донесе важен бод на својот тим во дербито со Мол Фехервар.
Помладиот од браќата Бабунски беше прецизен во 35. минута со што им донесе предност на гостите од 1:0, но Дебрецин не успеа да победи.
Во 55. минута интернационалецот од Босна и Херцеговина Кенан Кодро израмни на 1:1 шѕо беше и конечен резултат.
Мечот имаше и предигра за гостите, а им се расипа клупскиот автобус на патот кон Секешфехервар, па мораа да продолжат со такси.
Гостите успеаа да бидат навреме на „Мол арена“ и мечот почна без доцнење.
Бабунски заедно со унгарската легенда Балаш Џуџак се топ-стрелци на Дебрецин со по 6 гола, а и двајцата се во Топ-10 на листата со најдобри стрелци во унгарското првенство.
Во Унгарија но во Мезоковешд игра и братот на Доријан, Давид Бабунски, кој неодамна го продолжи договорот до 2025 година.