Дортмунд го наполни „фенерџијата“

Борусија Дортмунд немаше проблем со последнопласираниот Хановер и остана цврсто на челното место на бундеслигашката табела, не давајќи му шанса на Баерн Минхен да се надева дека овој викенд може да ја намали разликата во однос на „милионерите“.

Сите пет гола ги постигнаа петмина различни играчи: Хакими, Ројс, Геце, Гереро и Витсел. За Марко Ројс, тоа беше 75-ти првенствен гол во кариерата. Борусија на сите 17 меча сезонава дава барем по еден гол, додека Марио Геце сега има дадено еден гол повеќе во дресот на Борусија отколку во дресот на Баерн. После 6 години, Геце и Ројс дадоа гол на еден ист меч.

Мајнц е екипа против која не треба да се прават пенали. Овој тим има низа од 23 удари од белата точка кои биле претворени во гол.

Борусија Менхенгладбах се мачеше 79 минути против Аугзбург, утна и пенал во првото полувреме, но конечно даде гол кој им го отвори патот до победата и задржување на 100 процентниот учинок на свој терен.

РЕЗУЛТАТИ: Борусија Менхенгладбах – Аугзбург 2:0, Борусија Дортмунд – Хановер 5:1, Фрајбург – Хофенхајм 2:4, Мајнц – Нирнберг 2:1, Волфсбург – Баер Леверкузен 0:3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести