Дортмунд ќе го победи Менхенгладбах во дуелот на двете Борусии

Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах (Фудбал, Германија, 18.00 часот)

Гостите се лидери на табелата и во привиден залет, бидејќи иако победуваа во изминатиот период, тоа беше против екипи од долната третина на табелата. Со Лајпциг и Шалке кои се горе, Менхенгладбах освои само еден бод. Дортмунд ги доби претходните осум меѓусебни средби, од кои пет по ред на својот „Сигнал Идуна парк“. Домашните не би требало да ја испуштат победата, и да фатат приклучок кон врвот.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.85)

 

Стандард – Генк (Фудбал, Белгија, 18.00 часот)

Генк го пресече онаа репрезентативна пауза. Без во добра форма пред тоа, прашање е дали им е изместен ритамот. На последните четири меча, Генк освои 10 од можните 12 бода, па затоа во овој клуб и не се радуваа што дојде таа пауза во првенството. Проблем за Стандард е и што во претходните две сезони не успеа да го победи Генк. Сепак, тимот од Лиеж го брка лидерот Бриж и ќе оди на победа.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

Кристал Палас – Манчестер сити (Фудбал, Англија, 18.30 часот)

Бодот е максимум што домашните може да извлечат од овој натпревар против „ранетиот лав“, кој во претходното коло беше „гризнат“ од „волците“. Сити ако сака да ја одбрани титулата, веќе не право на киксови, а ако не победи кај Кристал палас, тоа дефинитивно би било кикс и нов чекор назад. И традицијата е на страна на гостите, Палас од 2015 не славел против тимот на Гвардиола, но сега дуелот доаѓа во момент кога „граѓаните“ се мотивирани да победат.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.05)

 

Тулуз – Лил (Фудбал, Франција, 20.00 часот)

Тулуз има девет бода во девет кола, одамна не победил (од 31 август) на официјален меч, и се наоѓа во долниот дел на табелата. Од друга страна, Лил од 1 септември наваму не знае за пораз во домашното првенство. Во последните пет години, дуелите на овие два тима скеогаш биле неизвесни и или завршувале нерешено, или победата била минимална.

Предлог тип: НГ (1.93)

 

Наполи – Верона (Фудбал, Италија, 18.00 часот)

Верона во седум кола има гол-разлика 6-5, игра тврд затворен фудбал, целосна спротивност од Наполи кој има добар напад, но и пропустлива одбрана. Наполи е посилен тим, а најголем плус за тимот на Елмас е што игра на свој терен. Во Неапол, Наполи не загубил од Верона повеќе од 20 години. Верона на „Сан Паоло“ не успеа нити да даде гол на последните три посети, а последните два пати кога даде голови, примаше по 5 и 6 погодоци.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.75)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Челзи – Њукасл Т1 2+& ГГ (2.60)

Јувентус – Болоња 1 & 2-4 (2.15)

Мајорка – Реал Мадрид Т2 1+I & Т2 2+ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести