Дортмунд со „сет“ голови за Унион Берлин, Гираси броеше до четири! (Видео)

Фантастичниот Серу Гираси е ѕвездата на вечерта, откако со четири гола учествуваше во победата на Борусија Дортмунд од 6-0 над Унион Берлин. Фудбалерот од Гвинеја првиот гол го постигна во првиот дел, но останатите три гола ги даде со рок од осум минути, односно од 75-тата до 83-тата минута.

Борусија Дортмунд со овој триумф се врати на победничките патеки, но се уште е далеку од позициите кои водат во фудбалска Европа, односно со 32 бода се наоѓа на 10-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести