Доста му беше на Интер со пазарење во Манчестер, на ред е Челзи

Интер е еден од најактивните клубови во зимскиот преоден рок. Нераѕурите се обидуваат да ги пополнат сите слабости кои се појавија во првиот дел од сезоната и во продолжение од првенството да се обидат да ја срушат доминацијата на Јувентус, кој осум години по ред е првак на Италија.

Според италијанските меидуми, во текот на следните 2-3 дена, официјално на „Џузепе Меаца“ треба да пристигне Оливие Жиру. Напаѓачот на Челзи ќе си замине од лондонскиот тим за сума од пет милиони евра. Во клаузулата стои дека Челзи ќе добие дополнителен милион ако Интер се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона, нешто што е многу веројатно.

Житу лани одигра 27 меча во Премиер лигата, но сезонава беше на теренот само на пет дуели во првенството, што значи дека го загуби местото во тимот и затоа и за Французинот е најдобро да си замине од „Стемфорд бриџ“.

Интер во изминатиов период е фокусиран на играчи од Англија, посебно од Манчестер јунајтед. Само за неколку месеци од „Олд Трафорд“ ги доведоа Алекси Санчес, Ромелу Лукаку и Ешли Јанг. Сега е редот Интер да пазари кај Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести