Достижни или не, имаме право да сонуваме за 19-те гола разлика кои водат во топ 12

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Хернинг или ќе направи невиден подвиг или ќе си оди дома, трето нема.

Чудото кое го посакуваат сите на кои при срце им е дресот со црвена и жолта боја, може да се реализира само со сесрдна помош и од домаќинот Данска, но и нашите играчи мора да го завршат својот дел од работата.

Магичниот број е 19. Барем со толку голови разлика вкупно треба да ја победиме Романија и Данска со Португалија. Португалците имаат дадено дури 16 гола повеќе од нас, и тоа не е добро во случај да имаме еднаков број бодови и иста гол-разлика ако вкупната разлика биде 18.

Затоа потребно е што поубедлива победа над Романија, а потоа навиваме за Данска. Ќе биде многу тешко, но не е неостварливо. Напред Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести