Доживотна забрана за тренерот кој 27 години работеше во Челзи

Гвин Вилијамс е човекот кој дури 27 години помина работејќи во Челзи на различни позиции, но никогаш повеќе нема да смее да работи во фудбалот. Фудбалската асоцијација на Англија уште во 2019 година ја донела оваа драстична забрана за Вилијамс, но дури сега тоа е обелоденето.

Забраната за Вилијамс е поради расизам и малтретирање на играчи. Според пишувањата на „The Athletic“, Вилијамс постојано ги малтретирал децата до 12 години.

„Неговиот разговор со црномурестите играчи понекогаш беше многу суров, шокантен“, изјавил неименуван извор за време на истрагата.

Против Вилијамс биле поднесени две пријави во полицијата, а тука се вклучува и обвинението за сексуално злоставување на едно момче од младинските состави на Челзи. Сепак, полициската истрага не заврши со подигање на обвинение. Вилијамс ги негираше сите обвиненија.

ВО 27-годишното работење во Челзи тој извршувал повеќе функции. Освен што работел во младите категории, беше и главен скаут, а потоа и помошник тренер во времето кога Клаудио Раниери беше менаџер на екипата.

Во 2006 година си замина од Челзи, а потоа седум години бил технички директор во Лидс. Од Лидс добил отказ откако преку емаил испраќал порнографски фотографии на останатите вработени, меѓу кои имало и жени.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести