Дозволено плукање на терен во Премиер лигата, нема да се казнува со жолт картон

Судиите во англиската Премиер лига нема да им покажуваат жолти картони на играчите кои ќе плукаат на теренот за време на фудбалските натпревари. Според „Тајмс“, минатата недела ФИФА испратила толкувања и кои санитарни мерки треба да се спроведат на фудбалските мечеви.

Официјалните лица треба да ги предупредуваат фудбалерите да се обидат да не плукаат на терен, но претставниците на медицинскиот комитет на ФИФА побарале секој клуб постојано да ги потсетува играчите да не плукаат. Една од причините за одлуката да нема покажување картон е тоа што судиите нема да може да го забележат секој таков детаљ.

Но, на терен нема да смеат да плукаат тренерите и ако бидат забележани, ќе добијат јавна опомена. Судиите ќе може да покажуваат картони и ако има непотребно доближување и контакт меѓу играчите. Премиер лигата продолжува на 17 јуни со мечевите Астон вила – Шефилд јунајтед и Манчестер сити – Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести