Драма на “Еланд Роуд“: Лидс го сопре Њукасл и дојде до бод во борбата за опстанок (Видео)

Екипите на Лидс и Њукасл одиграа возбудлив натпревар на “Еланд Роуд“ кој заврши без победник, 2-2. По еден бод за двете екипи кој и нема многу да им значи. Лидс останува во црвената зона која носи преселба во понизок ранг, а Њукасл само си го искомпликува пласманот во Лигата на шампионите.

Домашните дојдоа во водство уште во 7-мата минута преку Лук Ајлинг, кој може да го погледнете ТУКА. Во 28-мата минута Бамфорд промаши пенал за дуплирање на водството.

Следуваше комплетен пресврт на Њукасл. Калум Вилсон двапати беше прецизен од белата точка, најпрво во 31-вата минута, а потоа и во 69-тата.

Конечните 2-2 на овој натпревар ги постави Расмус Кистенсен во 79-тата минута.

До крајот на мечот Лидс остана и со играч помалку откако Жуниор Фирпо доби црвен картон во 91-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести