Драма со победа на Македонија: Повторно сме на Светско првенство!

Македонската ракометна репрезентација ќе игра и на Светското првенство во 2023 година откако вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ја победивме репрезентацијата на Чешка со 27:25. Овој триумф беше доволен за Македонија да ја продолжи повеќе од еднодецениската низа да биде дел од завршницата на големите натпреварувања. За Македонија ова ќе биде осмо учество на Мундијалите, а шесто во низа.

Нашите најдобри ркометари вечерва мораа да бркаат победа откако на првиот меч во Злин беше 24:24. Чесите водеа само на почетокот со 4:2, а потоа со серија од 5:0, Македонија поведе со 7:4. До крајот на првото полувреме, гостите на три пати успеаја да стигнат на еден негатива, а на полувреме се замина со резултат 14:12.

Во второто полувреме, Македонија поведе и со 20:16 (41-вата минута), а потоа речиси постојано разликата се движеше од два до три разлика за Македонија. На седум минути до крајот, Македонија водеше со 25:22, но Чесите со мини-серија од 2:0 стигнаа до 25:24 на две минути до крајот.

Македонија побара тајмаут, а потоа Филип Талески даде гол за 26:24. Чесите брзо вратија за 26:25 преку Бабак на една и пол минута до крајот. Во последниот наш напад, Јагудиновски изнуди пенал, а Филип Кузмановски даде гол на 17 секунди до крајот.

Кузмановски со девет гола беше најефикасен кај Македонија, а Талески даде шест погодоци, додека голманот Митревски имаше 14 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести