ПОЛУВРЕМЕ: Македонија води против Чешка, уште едно полувреме нè дели од Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација води со 14:12 против Чешка на полувреме, во возвратниот меч од баражот за пласман на Светското првенство. На Македонија доволно и е победа и од еден разлика за повторно нашите најдобри ракометари да бидат дел од планетарниот собир.

Чесите добро започнаа и поведоа со 1:0, а потоа водеа и со 4:2. Следуваше серија од 5:0 на Македонија и нашата репрезентација поведе со 7:4. Чешка успеа три пати да се врати на еден негатива, последен пат на 10:9, а потоа Македонија водеше со 13:10 во 25 минута, а на полувремето имаме два гола плус.

 

- Оглас -

Најнови вести