Борусија Дортмунд беше на прагот на големо изненадување и водеше против Јувентус во Торино со 2-4, но на крајот италијанскиот тим успеа да се извлече и да избори реми, 4-4. Интересно е дека сите осум гола беа постигнати во второто полувреме. Адејеми ја отвори серијата, израмни Јилдиз на 1-1, а потоа Нмеча повторно донесе предност за Милионерите.
Влаховиќ само две минути подоцна поворно израмни на 2-2, а Коуто и Бенсебаини во 74-тата и во 86-тата минута обезбедија два гола предност за Борусија Дортмунд.
Но, и тоа не беше доволно. Влаховиќ во 94-та минута намали на 3-4, а Лојд Кели, на асистенција на Влаховиќ, израмни на 4-4 во 96-та минута од неверојатниот меч во Торино.
🚨🇪🇺 LLOYD KELLY HAS EQUALIZED IN THE 96TH MINUTE FOR JUVENTUS !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! THIS GAME IS ABSOLUTELY CRAZY !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 16, 2025
Juventus 4-4 Dortmund.pic.twitter.com/XhFeXQu93A
Реал Мадрид со играч помалку успеа да го победи Олимпик Марсеј со 2-1. Кралевите останаа без Дани Карвахал, кој беше исклучен во 72-та минута, но Килијан Мбапе со реализација на два пенали, во 29-та и во 81-та минута, обезбеди прв триумф за Кралевите. Олимпик Марсеј прв дојде до предност, со голот на Тимоти Веа во 22-та минута од мечот. Голманот на Марсеј, Херонимо Рули, на овој меч имаше неверојатни 13 одбрани.
Карабах направи историски резултат победувајќи ја Бенфика во Лисабон со 2-3, и тоа со голем пресврт. Бенфика брзо поведе со 2-0, со головите на Баренечеа и Павлидис, а Леандро Андраде намали во првиот дел. Но, Карабах славеше во вториот дел по голем пресврт, со головите на Дуран и на Кашчук.
Тотенхем го победи Виљареал со 1-0, со автоголот на голманот на гостите, Луиз јуниор. Тој реагираше катастрофално уште во четвртата минута и му подари гол на Тотенхем. На крајот тоа се покажа клучно за победа.