Драма во Казан, Бејл со хет-трик и гол во последните моменти му донесе триумф на Велс (Видео)

Герет Бејл беше побрз од судијата и со гол во 93. минута, трет за него на мечот против Белорусија му донесе драматична победа на Велс во Казан.

Играчот на Реал Мадрид постигна два гола од пенал и еден од игра, а тој беше и клучен за трите бода што патуваат за Велс. Бејл забележа хет-трик, а топката едвај ја мина гол-линијата, откако голманот на Белорусија, Черник не интервенираше најдобро во 93. минута.

На мечот со многу пресврти Бејл погоди од белата точка во петтата минута, а потоа за 60 секунди во 29. и во 30. минута Лисакович и Седко направија пресврт за домаќините.

Но Бејл одигра одлично и направи нов пресврт за конечни 2:3 и победа на Велс. Голот за победа на Бејл можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести