Драма во која на крајот се радуваше Пелистер

Еурофарм Пелистер го победи Кадетен Шафхаузен со 27:26, во меч од осмото коло во Европската лига. Ова беше директна пресметка за второто место во групата Д, па сега Еурофарм Пелистер има 10 бода на второто место, додека Кадет Шафхаузен е трет со осум бода. Лидер во групата е Нимс со 11 бодови.

Битолчани водеа речиси во текот на целиот меч, но на крајот стравуваа за триумфот. Во 54-тата минута Пелистер водеше со 26:23, но домаќините пет минути беа без постигнат гол, па на крајот имаше драма.

Швајцарците стигнаа до 26:25, но во последниот напад на домаќините, погоди Јосип Периќ за 27:25 и победникот беше познат.

Гостите добро го започнаа мечот и поведоа со 6:4, но потоа Еурофарм Пелистер заигра многу подобро. Битолчани со серија од 5:1, негативата од два разлика за брзо време ја претворија во позитива од два гола (9:7). Потоа беше 10:10, а Пелистер со нова добра игра во финишот на првиот дел стигна до 15:12 по 30 минути игра.

Во второто полувреме, Е. Пелистер имаше контрола во поголем дел од мечот. Гостите израмнија на 17:17, но за брзо време македонскиот тим повторно стигна до три гола предност (21:18). Најголемото водство домаќините го имаа од четири гола, и тоа трипати, а последен пат тоа беше 25:21. Во финишот, Шафхаузен се обиде да се спаси од пораз, намали на 26:25, но на крајот Јосип Периќ со гол на 15 секунди до крајот ја потврди победата.

Во следното коло Еурофарм Пелистер дома игра против АЕК.

 

- Оглас -

Најнови вести