Драма во која на пенали Македонецот ги одведе Американките до полуфиналето

Репрезентацијата на САД предводена од селекторот Влатко Андоновски се пласираше во полуфиналето на фудбалскиот турнир за жени на ЛОИ во Токио. Американките беа подобри од Холандија и тоа дури по подобро изведување на пенали.

Во регуларниот дел беше 2:2, а Холандија прва даде гол, за да до крајот на првото полувреме САД направи пресврт за 2:1. Во второто полувреме Лалињата израмнија на 2:2, а во 81 минута имаа шанси и за трет гол, но Мартенс промаши пенал, па остана нерешено по 90 минути.

Во дополнителните 30 минти игра немаше погодоци, па мораа да се шутираат пенали. Во пенал-рулетот Американките беа непогрешливи и ги погодија сите четири удари, додека Холандија промаши два пати од шетири шута и тука беше крај за нив на турнирот.

Во полуфиналето се пласираше и Канада која на пенали со 4:3 го победи Бразил, Австралија со 4:3 славеше над Велика Британија и тоа по 120 минути игра, откако во регуларниот дел беше 2:2, додека најлесно помина Шведска која со 3:1 го елиминираше домаќинот Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести