Драма во Севилја – Лани на пенали го освоија пехарот во Кралскиот куп, вечерва на ист начин го предадоа

Осасуна приреди голема сензација на „Бенито Вилјамарин“ и во драматичен меч на пенали го елиминира Бетис, кој е актуелен бранител на пехарот во Кралскиот куп на Шпанија.

На истиот стадион лани Бетис ја победи Валснсија во пенал рулет, а сега на ист начин го предаде пехарот.

Каналес и Родригес промашија во третата и во четвртата серија за домаќинот, а кај Осасуна сите четири пеналџии погодија за голема победа и пласман во четвртфиналето на популарниот Копа Дел Реј.

Во регуларниот дел Бетис поведе со голот на Вилјам Карвалјо во 62. минута, а израмни Давид Гарсија во судиското продолжение.

Сабали во 103 минута, односно во првото продолжение пак му ја врати предноста на домашниот тим, но жилавуиот тим од Памплона пак израмни со голот на Рубен Гарсија во 106. минута и потоа на пенали го исфрли ланскиот победник.

Вечерва во четвртфиналето се пласираа и Валенсија со победа од 4:0 на гости против Спортинг Хихон, Атлетик Билбао со триумф од 1:0 против Еспањол и Атлетико Мадрид со гостинска победа од 2:0 против Леванте.

- Оглас -

Најнови вести