Драма за ѕвездата на Леверкузен, лутата сопруга му го продава златниот медал од СП во Катар!

Аргентинскиот фудбалер Езекиел Паласиос, кој со успех игра за Баер Леверкузен, минува низ тежок период на приватен план. Неговата сопруга Џесика Фријас се заканува дека ќе му го продаде златниот медал од Светското првенство во Катар, а на аукција ставила и други вредни работи на Паласиос.

Џесика, која сака да се разведе, му се заканува дека ако сака да си ги врати назад работите и медалот, мора да ја плати хипотеката за станот во којшто живее таа. Џесика веќе продаде негов дрес од репрезентацијата со потпис.

„Барам само да потпише развод и да ми го плати она што ми е должен за работите кои се заеднички. Ако морам, ќе продадам сè на аукција за да ја платам хипотеката за имотот и да го подмирам долгот бидејќи ми треба покрив над глава. Имам вредни работи од Езекиел, како и медалот за победа на СП.

Паласиос и Џесика пет години беа заедно, а во брак стапија во јули 2021. Се шпекулира дека таа го начекала фудбалерот во Германија со љубовница. По СП, Џесика се вратила во Аргентина на студии, а Паласиос заминал во Германија. Но, таа решила да направи една ненајавена посета и изненадувањето било големо, нејзиниот сопруг дома бил со некоја девојка и пиеле пијачки.

- Оглас -

Најнови вести