Дрејк станува експерт за обложување: Ги погоди двата тикети за НБА финалето и си заработи два милиони долари!

Светски популарниот рапер Дрејк може да се пофали дека е одличен познавач на НБА, а тоа ќе го потврди и со два добитни тикети. Пред почетокот на финалето, Дрејк одигра два тикети и сега двата се добитни.

На едниот е одиграно дека Денвер ќе стане НБА-шампион со вложени еден милион евра, добивката му е 1.230.000 долари. Ако ова и не беше толку тешко да се погоди, тогаш Дрејк се покажа како одличен прогнозер и на точниот резултат.

Со вложени 250.000 долари, предвиде дека резултатот во финалето ќе биде 4:1 за Денвер. Утринската победа на Денвер беше шампионска за 4:1, па Дрејк има добивка од 850.000 долари.

Претходно Дрејк може да се пофали дека погоди и во борбата за УФЦ шампион, како и за победата на Џонс против Ган, што му донесе 1,7 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести