Рагби репрезентацијата на Нов Зеланд во чест на починатиот Диего Марадона го изведе познатиот воен танц „хака“ во пресрет на мечот против селекцијата на Аргентина.
Еден од играчите на центарот од теренот постави црн дрес со името Марадона и бројот 10, а потоа воениот танц се изведуваше во негова чест пред аргентинските рагбисти. Инаку, Нов Зеланд ја доби средбата со убедливи 38:0.
https://twitter.com/AllBlacks/status/1332612973165043713